Тимот на Деспина славеше на гостински терен кај Јехона со 25-14 во натпревар од 17 коло во Првата женска лига.
Прилепчанки по пет минути водеа со 4-0, а потоа имаа и 10-3 во првото полувреме полно со грешки на двете страни.
На паузата гостинките водеа со 11-4, а во второто полувреме одиграа рутински и не дозволија камбек на домашниот тим.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Христоска со шест, како и Гичева и Спасеска со по пет гола, а кај Јехона се истакна Хасани со пет погодоци.
Следни предизвици за Деспина и Јехона ќе бидат натпреварите од елиминациите на Купот на Македонија претстојниот викенд.

























