Ракометарката што освои сребро на ОИ во Токио 2021, бронза на СП 2019 и трикратна шампионка на Русија, Елена Михајличенко, му се враќа на ракометот по пауза од две години.
Таа ќе игра за тимот на ЦСКА Москва, каде ја прекина кариера во мај 2024 година. Тогаш, во дресот на ЦСКА Москва, им помогна на „црвено-сините“ да стигнат до тешка победа против Ростов Дон по продолженија со 33-31, со што го освоија шампионскиот трофеј.
На крајот од таа сезона, левиот бек беше прогласена и за најкорисна ракометарка (МВП) на првенството.
По подолг период, навивачите повторно имаа можност да ја видат Михајличенко на терен неодамна, на гала-натпреварот организиран по повод десет години од олимпискиот триумф во Рио.

























