Кружниот напаѓач Кајо Цикатиќ, кој мина една полусезона во македонскиот првак Еурофарм Пелистер, ќе има нов предизвик во кариерата.
Хрватскиот интернационалец од лето ќе го носи дресот на полскиот тим Гвардија Ополе, каде што веќе игра екс членот на Охрид, Адмир Пелидија.
Цикатиќ дојде во Битола во летото 2024, а во јануари 2025 година се врати во татковината во тимот на Чаковец.
Претходно играше за Горица и Зрињски Мостар, како и за тимот на Металац, а настапите во Полска ќе бидат второ интернационално искуство за Цикатиќ.
























