Ончев и Вујичевски диригираа, Куманово ќе бие битка за завршниот турнир во Купот!

Тимот на Куманово ќе игра во финалето од групната фаза во Купот на Македонија, откако во полуфиналниот меч беше подобар од Младост Богданци.

Иако кумановци мораа добро да се испотат во одреден дел од мечот, сепак предводени од Ончев и Вујичевски кои имаа по седум гола, го совладаа амбициозниот прволигаш со 29-25.

Покрај нив двајца, голманот Калзадо исто така имаше одлична претстава и запиша 14 интервенции на голот на Куманово.

Во составот на Младост Богданци се истакнаа Адамовиќ со седум и Андоновски со шест погодоци, а голманите Костадиновски и Паунков собраа 11 одбрани.

Куманово во битка за Ф4 ќе се соочи со домаќинот Охрид во СРЦ „Билјанини Извори“ вечерва од 18:00 часот.