„Сино-белите“ од Автокоманда, кои пред две сезони се радуваа на трофеј во Купот на Македонија, обезбедија пласман на Ф4.
Во финалниот меч од групната фаза што се играше во Автокоманда, тимот на Лазаров славеше убедливо против Пролет со 34-18.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Дамјан Митев со осум и Никола Костески со шест гола, а Иван Галевски запиша 11 интервенции.
Во составот на Пролет, Давор Палевски реализираше пет пати, додека Андреј Стојановски беше прецизен три пати.
Покрај тимот на Лазаров, за трофејот на Ф4 во Купот на Македонија ќе се борат Вардар и Еурофарм Пелистер, а се очекува и Охрид да се најде во битките.























