Кил триумфално среде Фленсбург, Кадетен ја шокира Фредериција

Покрај дуелот меѓу Бенфика и Вардар, во првиот термин за натпреварите од Лигата на Европа, се одиграа уште три средби.

Најинтересно беше на германскиот двобој меѓу Фленсбург и Кил, кој го добија „зебрите“ со 32-30. Десет гола за домашните даде Јакобсен, но тоа беше премалку, бидејќи Имре и Билик комбинираа 14 голови за тимот на Јиха.

Гостинска победа запиша и Кадетен Шафхаузен кај Фредериција и сега има четири бода со кои се доближи до осминафиналето, додека норвешкиот Елверум немаше никакви проблеми со Гранољерс.

Лига на Европа, главна рунда, 1 коло, резултати:

група 1
Фленсбург – Кил 30-32
Монпелје – Бидасоа Ирун

група 2
Елверум – Гранољерс 37-28
Порто – Архус

група 3
Мелсунген – Кристијанштад
Бенфика – Вардар 40-35

група 4
Фредериција – Кадетен Шафхаузен 30-32
Хановер – Нексе