Карапалевски со одлична партија против Уеска

Тимот на Ваљадолид, каде што настапува македонскиот интернационалец Мартин Карапалевски, одигра реми кај Уеска во Асобал лигата.

Во натпреварот од 16 коло во шпанскиот шампионат, Ваљадолид иако беше фаворит мораше да се задоволи со бод, 30-30.

Карапалевски беше меѓу најдобрите поединци на теренот и успеа да постигне четири голови од шест обиди во противничката мрежа.

Ваљадолид сега е на седмото место на табелата со 21 бод, но само два помалку од второпласираниот Логроњо, а во следното коло ќе ја пречека големата Барса.