Тажна вест го потресе македонскиот ракомет во текот на денешниот ден – на 68-годишна возраст почина делегатот Стево Костенчев.
Тој остави трага во македонскиот ракомет како делегат, а претходно беше и судија и активен ракометар.
Матичен клуб на Костенчев му беше Југ каде играше на средната бековска позиција, а дел од кариерата мина и во Работнички.
Капела од 13,30 часот – погреб од 14,30 во Бутел, утре
























