Тимот на Трабзон Ортахисар, каде што игра македонската интернационалка Моника Килдан Јанеска, го потврди пласманот во плеј-офот на турскиот шампионат.
Трабзон Ортахисар предводен од Килдан Јанеска, славеше на гостувањето кај Анкара Јардум со 39-31.
Македонската интернационалка беше најдобар стрелец во победничкиот тим и успеа да постигне десет гола.
Трабзон Ортахисар по 14 кола од регуларниот дел успеа да заврши на четвртото место на табелата и ќе се бори за титула со Бурса, Ускудар и Јаликавак.

























