Карапалевски и Ваљадолид со сребро во Купот – не можеа против моќната Барса

Тимот на Ваљадолид, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Карапалевски, загуби во финалето на Купот на Шпанија.

Моќната Барселона беше подобра од Ваљадолид, кој е предводен од екс тренерот на Вардар, Давид Писонеро, со 32-24.

Двете полувремиња каталонскиот гигант ги доби со 16-12, а Карапалевски постигна два гола во мрежата на Виктор Халгримсон.

Исланѓанецот беше меѓу најдобрите поединци кај победникот со 14 одбрани, а меѓу стрелците се истакнаа Фраде со осум и Макуц со пет погодоци.