Тимот на Кичево за пролетниот дел од сезоната во Првата лига ќе биде посилен за уште еден ракометар.
Станува збор за кружниот напаѓач Андреј Шулевски, кој потекнува од битолската ракометна школа, играше во младинските категории на Еурофарм Пелистер, а потоа и за Младост Богданци и Аеродром.
Претходно Кичево се засили тројца млади ракометари. Во Кичево напролет ќе играат тројцата битолчани – Благој Христовски, Марко Мулиќ и Јован Божиновски.
Со доаѓањето на Шулевски, битолската колонија во прволигашот ќе ја сочинуваат четворица ракометари.
Со новите играчи, Кичево ќе се обиде да го подобри впечатокот од есенскиот дел од сезоната и да ги запише првите бодови.
























