Ѓорѓиевска го сруши турскиот шампион!

Тимот на Одунпазари, каде што игра поранешната македонска репрезентативка Елена Ѓорѓиевска, прослави огромна победа во турскиот шампионат.

Одунпазари предводен од десниот бек Ѓорѓиевска, славеше против турскиот првак Јаликавак со 30-29.

Екс репрезентативката, која сега е во стручниот штаб на Грчевски, постигна девет гола во противничката мрежа.

Одунпазари сега има 12 бода на петтото место на коло до крајот од регуларниот дел, но нема да обезбеди место во плеј-офот, бидејќи четвртиот Трабзон има 15 бодови и не е достижен