По вчерашната победа над Војводина во Супер Купот на Србија со 34-23, екипата на Партизан запиша уште една убедлива победа и освои втор трофеј за 24 часа.
Избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ го освоија трофејот и во Свесрпскиот Куп, откако триумфираа над Слога Добој, каде што игра Антонио Николоски со 32-22.
Тимот на македонскиот интернационалец му парираше во првиот дел на српскиот првак и имаше негатива само од два гола, 16-14, но второто полувреме мина во доминација на Партизан.
Николоски даде еден гол за Слога Добој, а најголем дел од мечот имаше дефанзивни задачи. Кај Партизан се истакнаа Иванов со осум и Анѓелковиќ со шест гола.
Во Свесрпскиот Куп играат двете најдобри екипи од Србија и двете најдобри од Република Српска, а натпреварите се одиграа во салата „Чаир“ во Ниш.

























