Германската ракометна федeрација уште во петокот мораше да ги стопира плановите за голем домашен дочек, иако се уште не беше познато со какво одличје ракометарите ќе се вратат во татковината.
Германците освоија сребро на Европското првенство, но дури и во случај Германија да го освoеше златото, немаше да има свечен дочек. Причината за тоа е штрајкот во локалниот јавен превоз.
Според информациите на германските медиуми, федерацијата разгледувала можности за организирање свечен дочек во Хановер или Келн. Локалниот превоз во Хановер не беше погоден од штрајкот, бидејќи покраината Долна Саксонија беше изземена од штрајкот, па поради тоа не е целосно јасно зошто не беше организиран дочек во главниот град на оваа покраина.
Наместо дочек, за сребрените германски ракометари се подготвува голема прослава на една меѓународна средба напролет.
„Веќе планираме настан за нашите навивачи околу следниот домашен натпревар на репрезентацијата, на 19 март во Дортмунд“, објаснија од федерацијата.
Германските репрезентативци прославија во еден паб во Хернинг до раните утрински часови, а во текот на денот со автобус се упатија кон татковината.


























