На Египет му нема рамен – десетти пат се шампиони на Африка!

Селекцијата на Египет по десетти пат во историјата стана шампион на Африка, по лесната задача во финалето.

На Африканскиот шампионат во Руанда, Египет славеше во мечот за злато против Тунис со убедливи 37-24.

Третото место и бронзата ја освоија Зеленортските острови кои прославија триумф над Алжир со 29-23.

Ова е четврта титула по ред за „фараоните“, кои сега ги води Чави Пасквал, а вкупно десетта сега се израмнија со Тунис, кој има исто толку во репрезентативната историја.