Составот на Чаир има големи амбиции оваа сезона на домашната сцена и не запира со засилувањата на играчкиот ростер за пролетниот дел од сезоната во Супер женската лига.
Најновото име во тимот на Басри Љатифи е левото крило Сара Миновска, која доаѓа од Металург Автокоманда, а претходно го носеше дресот на Вардар.
Чаирчанки минатата недела ги промовираа кружниот напаѓач Александра Коловска и левиот бек Елизабет Ван Акер, а овој клуб наскоро ќе биде посилен за уште три интернационалки.
Станува збор за десното крило од Бразил, Јасмин Фереира, десниот бек од Тунис, Саида Реџеп, како и Аргентинката која игра на пивотменската позиција Викторија Рекалде Ортиз.
Ѓорче Петров е прв со 23 бода, додека Чаир има 22 на второто место на табелата, што е најава за големи возбудувања напролет.
























