Прволигашот со суперлигашки амбиции, Младост Богданци, кој како првопласиран го заврши есенскиот дел, дополнително го засили својот ростер со ангажманот на средниот бек Марио Миланов.
Станува збор за ракометар со големо суперлигашко искуство, кое го стекннуваше преку настапи за Голден Арт и Борец ФЛ, а во кариерата ги носеше и дресовите на Шампион и Бутел Скопје.
Миланов, кој беше пред трансфер во Грција, но сепак се реши да дојде во Богданци, ги мина сите младински категории во Вардар.
Двете страни постигнаа договор за соработка најмалку до крајот на тековната сезона, со јасна цел Младост да ја задржи лидерската позиција и да атакува на пласман во повисок ранг.
























