По Таида Беровиќ и сестрите Ања и Мила Лашкоски, уште една ракометарка од Металург Автокоманда се сели во Вардар.
Според информациите на 24Ракомет, талентираното десно крило Мина Ѓурческа во продолжение од сезоната ќе ги брани боите на поранешниот шампион на Македонија.
Таа е пионерска репрезентативка на Македонија, а во Вардар покрај за сениорската, ќе има право да настапува во младинските категории.
Ѓурческа претходно настапуваше за Скопје, а ракометарката што е родена 2010 година, стекна драгоцено искуство со настапите во Автокоманда.























