Тимот на Вардар се засили со една од најдобрите и најперспективните млади ракометарки во земјава, македонската репрезентативката Беровиќ Таида.
Станува збор за голем потенцијал, за девојка пред која е одлична ракометна иднина. Настапуваше на Европското првенство за кадетките каде беше МВП на неколку натпревари.
Нејзиниот квалитет веќе на 17 години е препознаен, играше за младинската селекција, а доби повик и за сениорската. Таа беше една од најважните алки за освојување на турнирот во Турција и одличните резултати против Словенија, Словачка и домаќинот.
Вардар добива одлична опција на левата бековска позиција, квалитетен шутер кој игра во двата правци. Покрај за првиот тим, Беровиќ ќе игра и за кадетскиот состав на „црвено-црните“.
Таа беше дел од Металург Автокоманда, а неколку пати беше избрана за „ѕвезда на колото“ во изборот на 24Ракомет. Во есенскиот дел запиша 35 погодоци во Супер женската лигата.

























