Чаир не се шегува – се засилува со интернационалки од Тунис, Бразил и Аргентина!

Македонскиот шампион Ѓорче Петров ќе има голем конкурент за титулата во Супер женската лига во тимот на Чаир. „Лавиците“ се засилија со Марија Јанкуловска и Марија Гугуљанова, но и чаирчанки создаваат силен ростер.

По Александра Коловска и Елизабет Ван Акер, составот на Басри Љатифи ќе биде посилен за уште три интернационалки, дознава 24Ракомет.

Станува збор за десното крило од Бразил, Јасмин Фереира, десниот бек од Тунис, Саида Реџеп, како и Аргентинката која игра на пивотменската позиција Викторија Рекалде Ортиз.

Со нив, но и со ракометарките што играа во есенскиот дел од сезоната, Чаир ќе има што да каже на домашната сцена, а со оглед на финансискиот колапс на Металург Автокоманда, јасно е дека ќе има само два тима што ќе се борат за трофеите.

Ѓорче Петров е прв со 23 бода, додека Чаир има 22, што е најава за големи возбудувања напролет.