По Марија Гугуљанова, македонскиот шампион Ѓорче Петров, го донесе второто засилување за пролетниот дел од сезоната во Супер женската лига.
Македонската репрезентативка Марија Јанкуловска по еднаипол сезона ќе направи камбек и одново ќе го облече дресот на повеќекратниот македонски првак, дознава 24Ракомет.
Од друга страна, шампионот се раздели со десниот бек Кристина Радајева, но и натаму има ќе има силна бековска линија со доаѓањето на Јанкуловска.
Таа беше „лавица“ две сезони до 2024, а претходно настапуваше и за матичниот клуб Пелистер.
Јанкуловска е осмата ракометарка која си замина од Металург Автокоманда по финансискиот колапс на клубот. Од Автокоманда заминаа Гугуљанова во Ѓорче Петров, додека квинтетот Цветановска, Зечевиќ, Николовска, Божиноска и Кицеска се пресели во Спартак.
Ѓорче Петров е прв на табелата со 23 бода, додека Металург Автокоманда има исто толку на втората позиција, а Чаир е трет со 22 бода. Пролетниот дел од сезоната во Супер женската лига ќе почне на 14/15 февруари.
























