Селекцијата на Аргентина го освои трофејот на првенството на Средна и Јужна Америка, откако славеше над големиот ривал Бразил во драматичен натпревар со 26-25, со гол постигнат во финишот.
Членот на Вардар, Николас Боно, одигра одличен натпревар и беше прогласен за МВП на натпреварот.
Тој успеа да постигне шест гола од седум обиди во мрежата на Бразил и најави дека Аргентина добива одлична замена за Диего Симоне, кој ја заврши репрезентативната кариера.
На спротивната страна најдобар стрелец беше десното крило на Еурофарм Пелистер, Рудолф Хекбарт, кој имаше седум гола од осум обиди, но тоа беше премалку за злато, па „кариоките“ мораа да се задоволат со сребро.
Покрај Аргентина и Бразил, пласман на Мундијалот во Германија од Средна и Јужна Америка обезбедија Чиле и Уругвај.


























