Репрезентативно засилување за Ѓорче Петров: Марија Гугуљанова е нова „лавица“

Македонската репрезентативка Марија Гугуљанова е ново засилување за шампионот Ѓорче Петров пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

Таа е една од ракометарките што си замина од Металург Автокоманда поради финансиските проблеми на клубот, но веднаш најде нова средина.

Ова ќе биде нов предизвик за Гугуљанова, откако 14 сезони тренираше под палката на Јулијана Дамчевска во Металург и Металург Автокоманда.

Шампионот Ѓорче Петров во паузата се раздели казахстанската репрезентативка Кристина Радајева, но нема да биде ослабен на десната страна, бидејќи дојде Гугуљанова.

Ѓорче Петров има 23 бодови на првото место на табелата кое го дели со Металург Автокоманда.