Вардар го промовираше најновото засилување за наредната сезона – хрватскиот лев бек Леон Љевар.
Тој потпиша договор до 2028 година и ги сподели првите импресии по потписот на договорот со двократниот европски шампион.
„Многу ми е големо задоволство и чест што потпишав за Вардар. Сите знаеме каква историја има Вардар и ми е драго што имам можност да бидам дел од таков клуб. Се радувам на играњето во Вардар и се надевам дека ќе помогнам на тимот да ги оствари сите поставени цели“, изјави Љевар.
Претходно во Вардар пристигна средниот бек од Бразил, Жоао Педро Да Силва, кој веќе му се приклучи на клубот, иако требаше да дојде на лето.

























