По Илија Табаков и Бобан Каковски, уште еден ракометар што ги бранеше боите на Радовиш во есенскиот дел од сезоната не е веќе дел од клубот.
Станува збор за чуварот на мрежата Даниел Ацев, кој по една полусезона си заминува од последниот тим на табелата во Супер лигата.
Ацев е некогашен голман на Голден Арт, Бутел Скопје, Шампион, Охрид, Вардар Неготино, Борец…
Велешанецот има и интернационално искуство, откако беше дел од грчкиот тим Амфикитонес Ламиа.
Радовишани за пролетниот дел од сезоната остануваат со Славјан Паунов и Александар Ристов на голот.
























