Тимот на Трабзон Ортахисар, каде што игра македонската интернационалка Моника Килдан Јанеска, им се врати на победите во турскиот шампионат.
По двата порази во низа, Трабзон Ортахисар успеа да го надигра тимот на Гозтепе со 30-27 во натпревар од 10 коло.
Јанеска Килдан беше втор стрелец во победничката екипа и успеа да постигне пет гола во противничката мрежа.
Трабзон Ортахисар сега има 11 бодови и се наоѓа на четвртото место на добар пат да обезбеди место во плеј-офот.

























