Ракометарите на Охрид го освоија трофејот на меморијалниот турнир „Вук Рогановиќ“, откако во финалето славеа против словенечкиот Тримо Требње со 27-23.
Амбициозниот македонски клуб заслужено се радуваше на третиот освоен трофеј сезонава, по оние во Струга и Охрид.
Избраниците на Борис Ројевиќ ја имаа контролата на мечот, водеа и по првото полувреме, иако Тримо Требње се закани на кратко во вториот дел.
Тренерот Ројевиќ беше прогласен за најдобар тренер, додека средниот бек Тилен Стрмљан беше избран за МВП на турнирот во Белград.


























