ДЕНЕСКА НА EП: Македонија на мегдан на светскиот првак, Романија ќе ја предизвика Португалија

Денеска ќе се одиграат шест натпревари на Европското првенство во групите во Б во Хернинг, Д во Осло и Ф во Кристијанштад.

За македонската јавност во центарот на вниманието ќе биде дуелот на нашата репрезентација против актуелниот светски и олимписки првак Данска во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг од 20:30 часот.

Нема сомнеж дека салата ќе биде исполнета до последно место, но очекуваме дека ќе се слушне гласот и на „Фалангата“ од Македонија, но и од Скандинавија.

Во вториот меч од групата на Македонија, Португалија ќе биде фаворит против Романија, а ист е случајот и на дуелите меѓу Исланд и Италија, односно Унгарија и Полска, каде има изразени фаворити.

Интересно треба да биде на дуелите во Кристијанштад меѓу ослабената Словенија и Црна Гора, како и Фарски Острови – Швајцарија. Црногорците предводени од Борозан, Бранко Вујовиќ, Милош Вујовиќ…ќе се обидат да и парираат на Словенија, која и покрај тоа што е ослабена, делува како благ фаворит за првата позиција во оваа група.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:00 ИСЛАНД – ИТАЛИЈА 
18:00 ПОРТУГАЛИЈА – РОМАНИЈА
18:00 СЛОВЕНИЈА – ЦРНА ГОРА
20:30 ДАНСКА – МАКЕДОНИЈА
20:30 ФАРСКИ ОСТРОВИ – ШВАЈЦАРИЈА
20:30 УНГАРИЈА – ПОЛСКА