Тимот на Спартак Кисела Вода во пролетниот дел ќе има посилен тим на располагање и ќе може да се бори за место во Европа, иако бодовното заостанување во однос на ТОП 4 е големо.
Квинтет нови ракометарки ќе го засилат составот предводен од Велимир Мицевски, кој конечно ќе добие подолга клупа и Спартак ќе има шанси за нешто повеќе од последното место на табелата.
Средниот бек Ива Божиноска, левото крило Анастасија Николовска, пивотот Сара Цветановска, левиот бек Сузана Зечевиќ и голманката Слободанка Кицеска потпишаа договори со Спартак.
Овие пет ракометарки си заминаа од кандидат за титулата, Металург Автокоманда, поради неисплатени плати, а сега среќата ќе ја побараат во последнопласираниот тим на табелата, кој досега нема ниту една победа.
Нема да биде изненадување ако уште некоја ракометарка од Автокоманда се пресели во Кисела Вода за пролетниот дел од сезоната, па Спартак да стане конкурент за место во еворпските купови.
























