Амбициозниот македонски тим Охрид активно работи на формирањето на ростерот за следните сезони.
„Гладијаторите“ денеска објавија дека се продолжени договорите со тројца македонски ракометари од тимот.
Левото крило Никола Ристески и пивотменот Иван Тасески ги продолжија договорите со клубот до 2028 година, а левиот бек Дејан Кукуловски до 2027 година.
Охриѓани имаат големи амбиции на домашна и европска сцена, каде што стигнаа до осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп.
























