Драчево Јуниор тргна со тренинзи – две нови имиња за пролетниот дел

Тимот на Драчево Јуниор ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во прволигашката конкуренција.

Составот на Велимир Настески заврши на третото место по есенската полусезона и освои 20 бодови, што е четири помалку од лидерот Младост Богданци.

Драчево Јуниор се поднови со две имиња – Коста Николовски, лево крило кое последно играше за Металург РА и пивотменот Стефан Лазаревски кој доаѓа од Куманово.

Тимот го напуштија десниот бек Ѓорѓи Дука, средниот бек Стефан Кочаров и кружниот напаѓач Антонио Николовски.

Драчево Јуниор го почнува пролетниот дел на 14 февруари на домашен терен со дуел против Аеродром.