Капитенот на Загреб кажа крај – Гојун оди во пензија на лето!

Kaпитенот на хрватскиот првак Загреб, Јаков Гојун, на крајот од оваа сезона ќе заврши со активното играње ракомет.

По повеќе од 20 години играње професионален ракомет, Гојун заминува во играчка пензија и ова ќе биде негова последна сезона.

Гојун имаше богата клупска и репрезентативна кариера, а покрај за Загреб, играше за шпанскиот Атлетико Мадрид, францускиот ПСЖ, германскиот Фуксе Берлин…

На ОИ 2012 година во Лондон освои бронза со Хрватска, на СП 2009 во Хрватска освои сребро, додека четири години подоцна во Шпанија стигна и до светска бронза.

Освои и три медали на ЕП – сребро на ЕП 2010, бронза на ЕП 2012 и ЕП 2016 година.