По Европското првенство за младинци и Европското првенство за сениорки, на кое е ко-домаќин, Романија доби уште една организација овојпат од ИХФ.
Светската куќа на ракометот и го додели Мундијалот за кадетки 2026 година на романската федерација.
Светското првенство за ракометарки до 18 години ќе се игра од 29 јули до 9 август, а ќе играат 32 репрезентации.
Натпреварите од овој Мундијал ќе се играат во четири романски градови – Крајова, Миовени, Питешти и Валчеа.


























