Покрај вардарецот Николас Боно, кој ќе игра за Аргентина, уште еден ракометар од македонската Супер лига ќе биде дел од првенството на Средна и Јужна Америка.
Десното крило на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, Рудолф Хекбарт, ќе настапи за селекцијата на Бразил.
Бразилците одиграа две пријателски средби против Шведска и загубија убедливо, но на нивното континентално првенство сигурно ќе бидат прв фаворит за злато покрај Аргентина.
Покрај Хекбарт, за Бразил ќе играат Рожерио Мораеш, Ханиел Лангаро, Брајан Монте, Тијагуш Пјетруш…

























