Десетка за Тодева, Ѓорче Петров 2 победи со 22 разлика

По поразот кај Стружанка, екипата на Ѓорче Петров 2 им се врати на победите и во тој стил ја заврши 2025 година.

Младите „лавици“ го победија Шампион со 22 погодоци разлика, 35-13, откако водеа и на полувремето со 18-3.

Најдобра во противничкиот состав беше Стефанија Тодева со десет гола, додека Дукоска, Божиновска и Петровска со по седум погодоци.

Кај Шампион се истакнаа Христина Трајанова и Катја Маркоска со по четири погодоци.