Стојменов и Петковски „летаа“ по теренот, Драчево Јуниор ја заврши 2025 со триумф

Екипата на Драчево Јуниор славеше со убедливи 43-26 против Шампион во натпревар од 13 коло во прволигашката конкуренција, последно за оваа 2025 година.

Избраниците на Велимир Настески немаа никакви проблеми на гостувањето кај Шампион и уште на полувремето имаше плус десет, 22-12.

Второто полувреме беше само формално одработување на задачата и немаше никакви возбудувања на теренот.

Александар Стојменов со 11 и Димитар Петковски со десет погодоци беа најдобри стрелци кај победникот, додека Давид Јовчевски даде девет за Шампион.

Драчево Јуниор сега е трето место на табелата со 20 бодови, втори се „витамините“ од Автокоманда со 22, додека Младост Богданци е лидер со 24 бодови.