Ракометарките на Чаир запиша нова убедлива победа во Супер женската лига, откако славеа против штипски Астибо со 41-22.
Неизвесноста траеше кратко, десетина минути кога беше 4-4, а потоа домаќинките почнаа да се одлепуваат и на паузата водеа со 21-7.
Во вториот дел продолжи доминацијата на избраничките на Басри Љатифи, кој им даде шанса на сите расположиви сили.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Величковска со девет и Рона Мифтари со шест гола, а кај Астибо се истакнаа Мутемека и Ксавиер со по седум гола.
Чаир сега има 20 бодови на третото место, додека на делба на првото место се Ѓорче Петров и Металург Автокоманда со по 21 бод.

























