Атлетик и натаму перфектен – Стружанка не беше закана

Тимот на Атлетик запиша уште еден триумф во прволигашката конкуренција, откако славеше против Стружанка со 31-19.

Предводничката на Атлетик, Татјана Хмирова, ги разигра сите ракометарки и сите освен голманките се запишаа во листата на стрелците.

На паузата домаќинките водеа со 15-8, а вториот дел исто така мина во комплетна доминација на Атлетик.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Моника Босилковска со седум и Анастасија Величковска со четири, а кај Стружанка се истакна Маја Раткушиноска со шест голови.

Атлетик е на врвот на табелата со 18 бодови и девет победи на девет меча, додека Стружанка остана на петтата позиција со шест бода. Во следното коло Атлетик гостува кај Шампион, додека Стружанка ќе го пречека Ѓорче Петров 2.