Членот на Охрид, Ловро Јотиќ, беше успешно опериран и го чека подолг период на рехабилитација.
Хрватскиот интернационалец се повреди на средбата со Тиквеш уште пред два месеци и мораше да биде опериран.
„Нашиот среден бек Ловро Јотиќ успешно ја помина операцијата на предниот врсктен лигамент, повреда со која се здоби на натпреварот одигран во СРЦ „Билјанини Извори“ од петтото коло против екипата на ГРК Тиквеш. На Ловро му посакуваме добро здравје и што побрзо да се врати на ракометните терени“, објавија од клубот.
На средната бековска позиција Охрид и тренерот Борис Ројевиќ ги имаат на располагање Младен Крсманчиќ и Тилен Стрмљан.

























