„Охриѓанецот“ Иванковиќ на списокот на Хрватска пред ЕП

Левиот бек на Охрид, Анте Иванковиќ, се најде на поширокиот список на селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, пред Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Иванковиќ игра во одлична форма оваа полусезона во дресот на „гладијаторите“, па заслужено е на списокот на Сигурдсон.

Хрватите ќе мора да се снаоѓаат за првпат на големо натпреварување без Дувњак, Пешиќ, Карачиќ…а Сигурдсон има големи проблеми со повредени ракометари.

Под знак прашалник се Кларица, Лучин, Шипиќ…а на списокот на исландскиот селектор се најдоа петмина ракометари од Сесвете, кој имаше одлична евро сезона зад себе.

Хрватите ќе играат пријателски натпревар против Македонија на 28 декември во Пореч, а потоа уште две против Германија пред ЕП 2026. На ЕП, Хрватска е во група со Грузија, Холандија и Шведска.