Ракометарите на Аеродром по поразот кај Младост Богданци им се вратија на победите во Првата лига.
Избраниците на Митко Стоилов славеа на домашен терен против составот на Јехона со 34-30 во натпревар од 13 коло прволигашко коло.
Домашните водеа со плус пет во првиот дел, 11-6, но дозволија гостиварци да се вратат егал. Сепак во вториот дел доминираа на теренот и на крајот ги освоија бодовите.
Бојан Поповски со девет, Матеј Марковски со осум и Бојан Божиновски со седум гола, беа најдобри во побендичкиот тим, а кај Јехона се истакнаа Адис Салиу со 11 и Бојан Давидоски со девет погодоци.
Аеродром сега е на делба на шестото место со Јехона со по 12 бода.

























