Репрезентацијата на Фарски Острови, дебитант на Мундијалите ја направи најголемата сензација во досегашниот дел од СП, откако славеа против Шпанија со 27-25.
Избраничките на Амброш Мартин имаа плус три на паузата, 14-11, но „овчарките“ предводени од Брендерборг со седум гола направија голем пресврт и ја прославија првата победа на СП.
Србинките ќе направеа од готово-вересија и можеа да го загубат мечот со Исланд на кој водеа со седум гола, 24-17, ако не беа Јована Скробиќ и Јована Рисовиќ.
Исланд предводен од голманката Хелгадотир со пет одбрани во серија ги врати нејзините колешки во мечот и Исланд намали на 25-24. Два пати промаши за реми, па казни Скробиќ.
Србинките водеа со 27-26, но погрешија, Исланд тргна во напад за реми, а голманката Јована Рисовиќ го одбрани последниот шут и радост за нашиот северен сосед можеше да започне.
Германија и Србија патуваат во главната рунда, додека Исланд ќе се бори со Уругвај за последното место што води понатаму.
Домаќинот Холандија го отвори СП со лесен триумф над Аргентина, а ист беше случајот и со светскиот првак Франција, која славеше против Тунис.
Светско првенство, 1, 2 коло, резултати:
група Ц
Уругвај – Германија 12-38
Србија – Исланд 27-26
група Д
Парагвај – Црна Гора 25-34
Шпанија – Фарски Острови 25-27
група Е
Австрија – Египет 29-20
Холандија – Аргентина 32-25
група Ф
Полска – Кина 36-20
Франција – Тунис 43-18

























