СП 2025: Германија и Црна Гора обезбедија главна рунда

Еден од домаќините на Мундијалот, Германија, го обезбеди пласманот во главната рунда меѓу најдобрите 24 селекции.

Избраничките на Маркус Гаугиш славеа против Уругвај со 38-12 со половина сили и сега ќе го чекаат двобојот со Србија, кој може да одлучи за првото место ако Србинките слават над Исланд.

Германија е прва со четири бода, Србија има два и меч помалку, а Исланд и Уругвај немаат бодови, со тоа што „рибарките“ треба допрва да играат против Србија.

Црна Гора исто така веќе е во главната рунда, откако ја победи селекцијата на Парагвај, па со Шпанија ќе решаваат за прво место во групата, ако Шпанките слават против Фарски Острови.

Во групите Е и Ф се играше првото коло, а европските селекции Австрија и Полска имаат успешен старт на СП преку Египет и Кина.

Светско првенство, 1, 2 коло, резултати:

група Ц
Уругвај – Германија 12-38
20:30 Србија – Исланд

група Д
Парагвај – Црна Гора 25-34
Шпанија – Фарски Острови

група Е
Австрија – Египет 29-20
20:30 Холандија – Аргентина

група Ф
Полска – Кина 36-20
21:00 Франција – Тунис