Голманката на Куманово, Ана Марија Горговска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 9. коло во Супер женската лига.
Горговска имаше одлична партија на натпреварот кој нејзиниот тим го доби против Астибо на гостински терен.
Таа го освои првото место откако доби околу 81% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека Билјана Дамчевска освои околу 14%.
Во конкуренција за ѕвезда на 9. коло беа уште и членките на Чаир и Ѓорче Петров, Билјана Дамчевска и Армина Исиќ.


























