„Црн петок“ – билети за дуелите на Македонија на ЕП за само 200 денари!

Овој „црн петок“ навивачите ќе имаат уникатна шанса да купат билети за Европското првенство 2026 по симболична цена за само 26 дански, норвешки или шведски круни.

Во секоја од трите земји домаќини – Данска, Шведска и Норвешка, ќе бидат пуштени само 26 билети по оваа ексклузивна цена за натпреварите од групната фаза.

Групите A и Б ќе се играат во данскиот град Хернинг, а таму ќе биде и Македонија. Билетите денеска ќе чинат 26 дански круни или околу 200 денари.

Групите Ц и Д ќе се играат во норвешката метропола Осло, а за таму исто така билетите денеска се продаваат по 26 норвешки круни или околу 140 денари.

За натпреварите од групите Е и Ф, што ќе се играат во шведските градови Малме и Кристијанштад, денеска билетите се продаваат по 26 шведски круни или 170 денари.

Дополнително, ќе има и 26% попуст на билети за стоење и за мечевите од главната рунда (освен оние на 24 јануари). Попустот важи за максимум 200 билети по натпреварувачки ден.

Билети за групата каде што игра Македонија може да купите ТУКА.

Македонија е во група со Данска, Португалија и Романија, а првиот натпревар е на програмата против домаќинот во „Јуске Банк Боксен Арена“ на 16 јануари од 20:30 часот.