- Голманот на Порто и португалската репрезентација Диого Рема и покрај интересот од Бундес лигата и Спортинг Лисабон, реши да ја продолжи соработката и ќе остане во Порто до 2029 година.
- Искусниот десен бек Жига Млакар ќе остане во екипата на Целје и наредната сезона. Млакар кој во кариерата ги носеше дресовите и на Загреб, Висла Плоцк…потпиша договор до 2027 година.
- Кружниот напаѓач на Фуксе Берлин и австриската репрезентација Лукас Хербургер ќе си замине од Бундес лигата и ќе ги брани боите на швајцарскиот Криенс Луцерн. Ова за него е камбек во Швајцарија, каде играше за Кадетен.
- Голманката на Бразил и романскиот ЧСМ Букурешт, Габриела Морески во летото 2026 ќе си замине од клубот и во наредните три сезони ќе ги брани боите на Мец со кој потпиша договор на три сезони.

























