Аеродром победи со 30 голови разлика!

Ракометарите на Аеродром врзаа две победи во серија, откако славеа над Кичево со 30 погодоци разлика, 51-21.

Гостите одржуваа рамнотежа десетина минути, а потоа се беше во знакот на домашните. По 10-8, шест гола во серија за избраниците на Митко Стоилов за 16-8 и веќе немаше дилеми околу победникот.

До паузата домашните водеа со 25-11, а второто полувреме беше само формалност и рутинско одработување на задачата.

Димитар Босилковски и Давид Аврамовски постигнаа по седум погодоци за Аеродром, додека Дарко Јаневски стрелаше осум пати за Кичево.

Во следното коло Аеродром ќе му гостува на Младост Богданци, додека Кичево ќе ја пречека Преспа.