Тимот на Драчево Јуниор по поразот кај Младост Богданци се врати на победничките патеки во Првата лига.
Избраниците на Велимир Настески го победија составот на Јехона со убедливи 40-29 во натпревар од 11 коло.
Гостите од Гостивар водеа само со 1-0, а потоа се беше во знакот на домашните кои победата ја обезбедија уште по првиот дел кога водеа со 20-14.
Предводници на домашниот тим беа Филип Фидановски и Александар Стојменов кои дадоа по седум гола, а искусниот Адис Салиу постигна десет погодоци за Јехона.
Драчево Јуниор сега е на делба на второто место со „витамините“ од Автокоманда со по 16 бодови, додека лидер е Младост Богданци со 18 бода, но и меч помалку.

























