Екипата на Преспа ја запиша втората сезонска победа во Првата лига, откако во рамките на 11. коло го совлада тимот на Овче Поле со 31-26.
Домаќините уште во првиот дел направија резултатска предност, која ја контролираа до самиот крај на натпреварот, a во текот имаа и десет гола предност.
Најзаслужен за убедливиот триумф беше Христијан Ристевски со 15 погодоци, додека Никола Тасевски постигна пет, а по четири пати реализираа Мартин Табаковски и Наум Бумбаровски.
Во редовите на Овче Поле најдобар стрелец беше Кирил Буровски со десет погодоци, но тоа беше премалку за позитивен резултат.
Во следното коло Преспа ќе гостува кај Кичево, а Овче Поле е слободен.

























