По елиминацијата од ЕХФ Европскиот Куп, тимот на Металург Автокоманда им се врати на домашните обврски.
Избраничките на Јулијана Дамчевска го совладаа составот на Спартак со убедливи девет разлика, 36-27.
Иако Зорица Андовска даде 17 погодоци или повеќе од половината за Спартак, сепак тоа не беше доволно за нешто повеќе на овој дуел.
Металург Автокоманда кој играше во комбиниран состав, уште на паузата направи залиха од шест гола, 17-11.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ива Божиноска и Јана Ѓошевска со по пет погодоци. Металург Автокоманда сега е лидер со 17 бода, Чаир има 16, а Ѓорче Петров 15 на третото место.

























